Временска прогноза – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Доцна попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. УВ=9

Температурата ќе се движи од 12 до 39 степени.