Времето денес ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
T= 29 °C, P= 978 hPa, U= 38 %, V= 4 m/s.
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 5 Дојран, Берово, 4 Дебар, Виница, 3 Претор, 2 Битола, Лазарополе, Д. Капија, 1 Крушево, Маврови Анови, Крива Паланка.
И утре ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. УВ=7.
Во наредните денови температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој дел од годината.