Временска прогноза – Облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сподели

 

Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени.

 

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Времето утре: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.