МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2).
Температурата ќе се движи од 4 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно, во попладневните и вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.