НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)
55 Виница, 32 Тетово, 21 Крушево, Попова Шапка, 20 Битола, Тополчани, 19 Струмица, Пожаране, 16 Берово, 13 Прилеп, 12 К.Паланка, Маврово, 10 Ѓуриште, 6 Гевгелија, Штип, 5 Претор, 2 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово, Дојран.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. УВ=6
Во Скопје променливо облачно, со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и електрични празнења. Mаксималната температура ќе достигне 29 степени.