Министерството за внатрешни работи демантира дека се прислушуваат членови на раководство на некоја политичка партија.
„-Тоа не е точно. МВР ги отфрла како целосна невистина наводите изнесени во јавноста од една политичка партија. Времето на злоупотреби на МВР за партиски цели заврши со промената на власта. Во Министерството за внатрешни работи следењето на комуникациите се одвива исклучиво согласно процедурата пропишана во постојните законски и подзаконски акти“, наведува МВР во демантот.
Министерството напоменува дека во Собранието на Република Македонија постојат две надзорни комисии чија функција е вршење надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и над примената на ПИ мерките и тие, посочува МВР, во секој момент можат да извршат надзор и контрола над примената на овие мерки.