ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Ќе дува североисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени, а УВ индексот 7.

Во Скопје во попладневниот дел најавуваат нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално со услови за појава на град. Температутрата ќе се движи до 31 степени.

И утре во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Потоа следува период на стабилно време и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.