Врховниот суд денеска го разгледа барањето на Специјалното јавно обвинителство за заштита на законитоста за пресудата за шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костовски, но од технички причини ја одложи за понеделник седницата на која требаше да се расправа за барањето за заштита на законитоста во однос на случајот „Талир“, во кој двапати беше побарано замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, која беше придружувана од Ленче Ристовска, по седниците изјави дека во случајот со спогодбата на Звонко Костовски не постои кривично дело шпионажа, за кое тој е осуден. Таа истакна дека не може некој да биде осуден за кражба, а притоа да не се знае што е украдено ниту, пак, кому му припаѓа.
Обвинителките, исто така, соопштија дека СЈО засега нема информации дали некое од 17 поднесени обвиненија е прифатено или не.