Врховен суд донесе одлука: 4 години затвор за Гордана Јанкуловска за предметот „Тенк“

Сподели

 

 

Врховниот суд денеска информира дека се одбиени жалбите поднесени од страна на осудените во предметот „Тенк“: Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски и ја потврди правосилната пресуда за предметот донесена од страна на Апелацискиот суд.

Апелациониот суд Скопје откако делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ и ја намали казната затвор од шест на четири години.

Второобвинетиот, поранешен премиер Никола Груевски како поттикнувач за сторување на делото е осуден на две години затвор.

Екс помошникот министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски беше осуден на шест години и шест месеци затвор и тој веќе е на издржување на казната.