Факултетот за драмски уметности го организира второто издание на студентскиот филмски фестивал „ХАЈ-ФАЈ“ кој започнува утре.
„ХАЈ-ФАЈ“ е меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Taa служи како „отскочна штица“ за промоција на студенти од филмски катедри при нивното усовршување во професионалци.
Програмата за второто издание ќе започне на Академска сцена со „Meet the new kids“, настан посветен на запознавање со новата генерација филмаџии од Факултетот за драмски уметности. Понатаму фестивалот ќе биде официјално отворен со настанот кино на отворено – проекција на култниот филм „ХАЈ-ФАЈ“ во режија на Владимир Блажевски на паркингот меѓу ФДУ и Машински/Електро факултет.
Влезот за сите настани е слободен. Целосната програма и распоред се достапни на социјалните мрежи на „ХАЈ-ФАЈ“ и Академска сцена.
