Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм објави видео на кое се гледа изгледот на идната српска фабрика за вакцини.
„Вака треба да изгледа српската фабрика за вакцини што ја градиме со нашите партнери од ОАЕ и Кина. Наскоро ќе започне изградбата на фабрика за производство на тестови за ПЦР“, напиша Вучиќ на Инстаграм.