Вучиќ за “Тотална блокада на Србија”: Не ја рушите Србија, не можете да ја победите

Сподели

Утрово се поставувија блокади на бројни локации во Србија, откако студентите ги повикаа да им се приклучат граѓаните од Белград, Нови Сад, Чачак, Крагуевац и Ниш. Студентите поставија постер “Тотална блокада на Србија” 4. јули, но и повикаа на смиреност и да не се вклучуваат во физички конфликти.

скриншот

Претседателот Александар Вучиќ, ги повика граѓаните на државата на мир, побара да се откажат блокадите бидејќи според него ова е кршење на Законот, дека е тешко кривично дело и изјави дека “татковски ги моли да не ја рушат Србија, затоа што не можат да ја победат”.

скриншот

Министерството за внатрешни работи на Србија предупреди дека блокадите се незаконски и дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за да се заштитат јавниот ред и мир.