Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државава, при што санкционирани се 119 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.