МАКЕДОНИЈА – Во источните делови променливо облачно, а во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. T= 18 °C, P= 975 hPa, U= 40 %, V= 3 m/s.
За викенд ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот на повеќе места со врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта, кога локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец.