Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато и патот за Попова Шапка

Сподели

 

На патниот правец Битола – Ресен, преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Забраната се воведува од 9.40 часот, соопштија од АМСМ.

И на патниот правец Р1209 Тетово – Попова Шапка од 22 часот, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.