Во периодот од 06.11 до 10.11.2023, преку непосредна соработка со претставници од Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ, во РС Македонија се спроведе операцијата ХОТСПОТ.
Целта на оваа иницијатива е, преку користење на современи алатки за обезбедување на отпечатоци и фотографии од лица, воедно и директна проверка во глобалните бази на податоци на ИНТЕРПОЛ, зголемување на капацитетите за детекција на странски борци и криминалци, кои би можеле да ги користат нерегуларните миграциски текови.
Операцијата е спроведена преку тесна координација на надлежните служби при Бирото за јавна безбедност: Секторот за меѓународна полициска соработка – Националното Централно Биро на ИНТЕРПОЛ во Скопје, Одделот за гранични работи и миграции, Регионалните Центри за гранични работи Југ и Север, Одделот за форензички испитувања, Секторот за борба против тероризам и насилен екстремизам, како и Националната Единица за сузбивање на трговијата со луѓе и илегалната миграција.