-“Овој парламент ќе ја штити и спроведува волјата на граѓаните на Македонија, овој парламент никогаш повеќе нема да се сврти против народните избраници и граѓаните. Ви гарантирам, ќе бидеме чувари на волјата граѓаните, кои над 600.000 избраа слобода, живот и правда”, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјавата што ја даде пред Собранието.
– Демократските процеси во Македонија се почнати и никој не може да ги запре. Режимот е поразен. Затоа укажувам, сите партии мора да ја почитуваат волјата на граѓаните искажана на последните избори. Посебна одговорност имаат лидерите на партиите кои не смеат да помислат заради лични, финансиски и коруптивни причини или водени од теснопартиски интереси да не ја испочитуваат волјата на граѓаните. Да им кажам на партиите кои имаат пратеници дека евентуална коалиција со Груевски е коалиција со режим и диктатура – рече Заев.
Тој ја осуди, како што рече, реториката на омраза што ја практикува Груевски против меѓународните партнери и невладините организации.
– “Груевски е лицето на конфликтот и најмногу поради тоа неговото време во политиката е завршено” – рече Заев.