ЗАЕВ: Функционерите, членовите и приврзаниците на партиите да се воздржат од навреди и клевети

Сподели

 

“Деновиве за жал видовме засилена употреба на навредлива содржина на социјалните мрежи, што не смее да биде прифатливо за кое било демократско општество, какво што е и нашето.

Во овој важен момент, а пред да започнат предизборните кампањи, ги повикувам членовите и приврзаниците на сите политички партии, вклучително и на мојата СДСМ, како и сите функционери, да бидат одговорни во јавната комуникација, да избегнуваат и да отфрлаат говор кој содржи или може да поттикнува навреди и клевети и секогаш да иницираат суштински дебати по однос на важните прашања.

СДСМ е против секаков вид говор на омраза, расизам и ксенофобија во нашата држава. Тоа секогаш остро сме го осудувале и ќе го осудуваме без разлика од каде доаѓа таквиот говор. Тоа, секако се однесува и на говорот кој на каков било начин е антисемитски или така може да се толкува. Ние сме партија предводник на концептот Едно општество за сите – концепт кој ја препознава и признава различноста како водечка сила на нашето општество.

Фактот што македонската Влада има министерка од еврејската заедница, свои претставници во управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите, а СДСМ има организационен секретар кој беше раководител во Музејот на холокаустот, е само дополнителен бенефит кон градењето заедничко општество” – напиша на својот фб профил, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.