Заев: Го прифативме барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада пред секои идни избори

Сподели

По шест часа преговарање за време на лидерската средба во Клубот на пратениците, премиерот Зоран Заев рече дека го прифатиле барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада пред секои следни избори и дека дополнително треба да се договорат за референдумот.

– За овие три лидерски средби требаа многу нерви, трпение и лидерство. Се договоривме денеска да заврши лидерската средба, а каков договор ќе постигнеме зависи од сите нас. Го прифативме барањето, техничка влада, според формат идентичен на Пржинскиот, да ги спроведува секои следни избори. Останува да се договориме за референдумското прашање, карактерот на референдумот и датумот на негово одржување – изјави кратко Заев, по што, лидерите се повлекоа на дополнителни преговори.

meta.mk