Заев и Димитров го информираа Иванов за договорот

Сподели

„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Никола Димитров.

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров го информираа претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор за името. Средбата почна по 10 часот и траела кратко.

Владините претставници ја напуштиле вилата Водно без притоа да застанат за изјава пред новинарите.

Претседателот Иванов својот став ќе го каже во текот на денот.