Во петок, во 18.30 на Канал 5, лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го имаат првото предизборно соочување во „Дуел за вистината“, соопштија од Канал 5.
И Мицкоски и Заев веќе го потврдија учеството во дебатата, која ќе трае два часа. Најавуваме динамична емисија, во која двајцата претенденти за иден премиер ќе имаат еднакви можности да ги кажат своите ставови, но и да реплицираат на ставовите на политичкиот противник.
Ова соочување, ќе биде прво по минатогодишниот „Дуел на деценијата“, а ќе се дебатира на сите актулени теми од домашната и надворешната политика, со посебен фокус на економијата.