Премиерот Зоран Заев во интервју за „Слободен Печат“ изјави за можноста за формирање на Влада на Национален спас, во која би влегла и опозицијата.
-Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот!, истакна во интервјуто премиерот Зоран Заев.
Од инфективната клиника преку ФБ реагираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој што на власта и на нејзините лакеи им порача дека пакт со криминал и криминалци нема да се случи.