Заев: Искрено сочувство до семејствата на починатите

Сподели

 

Се случи страшна трагедија ноќеска во Бугарија. Во автобуска несреќа загинаа македонски државјани, меѓу кои повеќе деца и млади, а има и неколку повредени, изјави премиерот Зоран Заев.
 
Со министерот за здравство Филипче и со министерот за надворешни работи Османи сме во Софија, за да ги посетиме повредените, да дознаеме повеќе за несреќата и причините за истата.
 
Упатувам мое искрено сочувство до семејствата на починатите и им посакувам брзо закрепнување на повредените.
 
Штом добиеме повеќе информации и штом осигураме како можеме да бидеме од помош на преживеаните, ќе следат соодветни институционални активности и дополнителни информации за јавноста, изјави премиерот Заев.