Заев: Ја менуваме играта GAME CHANGE, секој граѓанин заслужува одговор

Сподели

 

“Најавувам и давам јасна насока и директива, во сите општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE, изјави лидерот на СДСМ, Заев
.
Излегоа проблемите на виделина, фрчат пораки со проблемите на луѓето.
Тргнуваме со нов систем каде секој граѓанин ќе добие одговор – прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а веднаш потоа и упатување од секоја институција како ќе се решава проблемот.
Систем другари. Правила и процедури.
 
Секој што пријавил проблем добива одговор, фидбек. Ама секој. Без разлика кој е. Систем услуги кој оди рамо-до-рамо со дигитализацијата. А ако некој не добие соодветна услуга, ќе светне црвено на компјутерот и одма се знае кој затаил, кој не работи како што треба”, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
 
Локални избори 2021, Зоран Заев