Заев ќе го води Советот за реформи во администрацијата

Сподели

Премиерот Зоран Заев ќе ја преземе одговорноста во Советот за реформи во јавната администрација и ќе застане на неговото чело, пренесе Фактор.

Заев ќе има задача да работи на подобрување на законската регулатива како и на пронаоѓање на сите слабости во оваа област за која досега имаше бројни забелешки и во извештаите на меѓународните институции. Овој потег доаѓа по критиките на адреса на премиерот Заев дека недоволно учествува во носењето на одлуки за реформи на домашна сцена, па така добар чекор да се види преземање на поголема одговорност по засилената меѓународна агенда.

Се очекуваат повеќе детали за начинот на кој ќе работи Советот за реформи во јавната администрација  и за тоа како ќе се решаваат проблемите.