ЗАЕВ: На сите млади им го честитам Меѓународниот ден на младите – 12 aвгуст!

Сподели

 

“На сите млади во Република Северна Македонија им го честитам Меѓународниот ден на младите – 12 Август!” – напиша премиерот Заев на својата фб страница.

“Младите се силата на нашето заедничко општество, за да се развива во духот на европските вредности и за да продолжиме напред со интеграциите во ЕУ и НАТО. Перспективите за напредок, кариерен развој и квалитетен животен стандард на младите овде, во нашата убава земја, се наша заедничка цел и заедно работиме тоа да го оствариме.”