Заев на средба Ванхауте и претставници на ИРИ: Добредојдена е секоја препорака за остварување на реформите

Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев се сретна со претставници на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) во Македонија и Питер Ванхауте, белгиски експерт и поранешен посредник на ЕУ, кој помагаше за реализирање на поголемиот дел од реформите кои беа потенцирани во Извештајот на Прибе.

Заев и Ванхауте разменија мислења околу актуелната политичка ситуација во земјава, оценувајќи ги како исклучително позитивни, економските мерки кои се преземаат за стабилна бизнис клима и привлекување на странски инвестиции преку воведување на нови економски мерки кои се темелат на фер и транспарентна распределба како и чекорите кои придонесуваат за јакнење на довербата меѓу Република Македонија и Република Грција.

На средбата беше констатирано, дека отворањето дијалог со опозицијата во државата, актуелното решавање на отворените прашања со соседите како и одржувањето на пријателска атмосфера, сигурно ќе донесе до просперитет за граѓаните на Република Македонија и соседните држави.

Заев истакна дека Владата е отворена за соработка и добредојдена е секоја препорака со цел подобрување на нејзината работа во остварувањето на реформите.