Премиерот Зоран Заев го честита Денот на народното востание – 11 Октомври во Куманово.
“Денеска, на 78 годишнината од државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“, стоиме исправено со почит кон борците и борките од НОВ. Пред 78 години тие ја отпочнаа борбата за слобода и ја добија слободата. Нашата генерација, на свој начин ја повтори таа борба, и еве ја повторно слободата – ја живееме, ја уживаме.
Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание.”
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/1203305803204551/