Премиерот Зоран Заев очекува лидерот на Алијанса на Албанците да го прифати вицепремиерското место за реформи.
„Се надевам дека ако нивната одлука е да останат во Влада, тоа значи прифаќање на потпретседател на Владата на Република Македонија за реформи“, изјави Заев.
Заев посочи дека ниту Арбен Таравари, ниту Зијадин Села го информирале и дека за неговата одлука да оди како кандидат за градоначалник дознал од медиумите.
„Очекувам дека господинот Села, кој е лидер на млада партија која најверојатно сака да се докажува, ќе го прифати понуденото потпретседателско место во владата за реформи. Очекувам таков чекор од партијата која води 20 сериозни сектори во државните органи. Не е возможно да сменам кој било од министрите кои се зафатија со својата работа од 1 ноември, веднаш по локалните избори“.