ЗАЕВ: Опрема за снимање во 2016 била поставена и во Основен суд 1 – одговорност ќе има

Сподели

Покрај телефоните во Јавното обвинителство, прислушувани биле и оние во Скопскиот суд 1, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, во врска со последните објави на ЈОРМ дека се пронајдени хард дискови со прислушкувани разговори.

“-Јас сум информиран, во моментот кога министерот за внатрешни работи е информиран за истрага, која што е отпочната пролетта, ќе каже точно јавниот обвинител кој што ја работел истрагата. Се работи за систем поставен во централата за внатрешната комуникација на Јавното обвинителство. Исто така знам дека истоветен систем е поставен и во Скопскиот суд 1, и ќе кажат каде се, уште далечната 2016 година, некаде тоа е користено, некаде не е користено. Истрагата ќе покаже, кој тоа го користел, кој тоа го злоупотребил, јас верувам дека ги имаат сите наоди.

Ова претставува уште доказ колку била упропастена Република Македонија. Ова се сериозни работи и нема играчки, се работи за приватноста на луѓето. Во конкретниот случај, се следела комуникацијата, колку што сум информиран, внатре, во интерната комуникација на самата институција, како комуницирале јавни обвинители, јавни истражители и сите што работат.

Ова претставува уште една потврда колку била руинирана Македонија, колку е важно правниот систем да го вратиме во државата. Колку е важна борбата против корупцијата, и борбата против целокупниот криминалитет во Република Македонија.

Остануваме сериозни борци за правна држава, борба против криминалот и сето она што се случува во Република Македонија, од периодот на режимот кое што се одолговлекува се до сега. Никој не знае до каде стигнало големото уво, така да го кажам, во аспирацијата да се следи се и сешто во Македонија. Јас се надевам, очекувам дека истражните органи ќе ги дадат сите одговори, затоа што се должни да ги дадат сите одговори пред граѓаните.

https://youtu.be/fLBeiHeutYc