ЗАЕВ: Пораката ја примивме – сите сили ќе бидат за подобрување на животот на граѓаните

Сподели

 

“Пораката ја примивме и сите сили ќе ги насочиме кон подобрување на животот на граѓаните. Следуваат промени во извршната власт”.

Ветивме промени и промените се случуваат, СДСМ вечерва демонстрираше сериозна одговорност пред граѓаните и пред сопствената земја. Донесовме одлуки кои носат системски и суштински промени во партијата – одлуки кои ќе донесат забрзување на напредокот на земјата и подобри услови во општеството, за подобар живот на сите граѓани.

Сакам јавно да им се заблагодарам на сите оние функционери коишто денеска престанаа да ја извршуваат својата функција во СДСМ.

Сега е време за нова голема иницијатива на СДСМ. Целиот фокус е кон подобрување на животот на граѓаните. Заради тоа постоиме, заради тоа функционираме и заради тоа сме основани. СДСМ е големина, најголемата партија која секогаш носела најголеми одлуки за развојот на државата. СДСМ покажува дека живее со и за граѓаните, дека ги слуша нивните потреби и дека е подготвен да се менува кон подобро, за да им служи уште подобро на граѓаните. Тоа е разликата помеѓу нас и нашите политички опоненти.

Следуваат денови кога ќе се случат промени во извршната власт, а после две до три недели ќе се случат именувањата и во СДСМ, транспарентно, одговорно, секогаш како што тоа граѓаните го заслужуваат.

Љупчо Николовски е новиот генерален секретар на СДСМ. Љупчо Николовски нема повеќе да биде министер на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој е еден од поуспешните министри во нашата Влада. Тоа го знаат граѓаните.

Сега секако со освежени капацитети со сите сили ќе се насочиме кон подобрување на животот на граѓаните. Ветивме живот, животот стига. Инвестициите се огромни, параметрите економски се одлични, очекувам експанзија, очекувам оваа драгоцена шанса сите да ја искористиме.

На Љупчо му посакувам многу успех, силна посветеност и бескомпромисност, кога е во прашање интересот на граѓаните .

Љупчо, сега време е целокупниот потенцијал на партијата на добро организиран начин да го ставиме во служба на интересите на граѓаните. Навистина од СДСМ да направиме уште подобра партија за да бидеме повеќе корисни и од поголема полза на граѓаните за кои функционираме и постоиме.-  изјави премиерот Зоран Заев, претседател на СДСМ.

 

Изјави, Зоран Заев