“Ние остануваме пријателски насочени кон Бугарија, оти само со пријателство можеме да ги решиме сите проблеми. Со Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи и меѓусебната соработка. Правото на самоопределување и самоидентификација се темелни европски вредности. Посебноста на македонскиот јазик и идентитет се неспорен факт. Македонскиот јазик е составен дел од личната карта на Северна Македонија и во Обединетите нации. Тврдењата и изјавите кои содржат навреди не водат кон вистинско пријателство. Пријателство е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите и од взаемното почитување. Ние продолжуваме во пријателски дух и ќе останеме комплетно внимателни во целиот наш наратив, затоа што тврдам дека постои решение од кое двете страни ќе излезат победници. Верувам дека и бугарската страна оди во тој правец” – изјави премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција.