Заев: Се што разговараме е во рамки на Уставот, се потврди лагата дека нема федерализација!

Сподели

Одговори на новинарски прашања
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 09.02.2017

Медиуми: Г – динот Ахмети кажа дека чека од вас некое писмо во врска со вашето барање, што конретно…

Заев: Ова е процес на добивање мандат. Г-динот Ахмети не бараше ништо на писмено од г -динот Груевски за да влезе во преговори за Влада, но ако, за нас зборот е збор, без разлика дали е даден усно или писмено, немаме проблем со оваа работа. Правиме `се што можеме побргу да ги собереме потписите, за да добиеме мандат. Тоа значи дека допрва потоа ќе влеземе во преговори за Влада.

Медиуми: … што бара г – динот Ахмети од вас…?

Заев: Знаете како, вие прашувате што тоа бара г-динот Ахмети, ќе треба да го прашате г – динот Ахмети што во суштина бара. Тоа што претпоставувам тие ги очекуваат на писмено е тоа што е поврзано со идната владина програма. Тоа е деталите околу нашата платформа, деталите околу нивната платформа и сето она што е поврзано со очекувањата на граѓаните, а тоа се итните реформски приоритети.

Медиуми: Веќе нема рок за собирање на потписите?

Заев: Јас колку што знам од правните експерти не постои рок за собирање на потписите, но тоа е уште само една поголема причина да се убрза самиот процес за собирање на потписите, заради тоа што знаете дека со добивање на мандат, барем тоа е пропишано, 20 дена за формирање на Влада. Јас се надевам дека секој ден ќе биде максимално искористен, за Република Македонија конечно да добие Влада и пополека да ги врати институциите да функционираат во државата, заради тоа што како што знаете не функционираат институциите во Република Македонија. Тоа е само плус причина на сето ова, да се убрза целиот овој процес.

Медиуми: Што толку кочи Али Ахмети, што треба да му се угоди…?

Заев: Вие го знаете нашиот растеретен став, ние го отворивме процесот и концептот на едно општество за сите и апсолутно сме растеретени од сите овие предрасуди што некој се обидува да ги наметне повторно во јавноста. Мене ми е драго што етничките прашања се отворени во Македонија и за нив треба да се разговара, впрочем ми е драго што и ВМРО- ДПМНЕ ја прифатиле платформата и Законот за употребата на јазиците, и тоа е добро, еднаш засекогаш да ги затвориме етничките прашања, да се зафатиме со реална политика, да го подобриме животот на сите граѓани во Република Македонија.

Медиуми: А прифатлива ли е платформата на Албанците за вас?

Заев: Штом ќе го добиеме мандатот ние ќе ги кажеме прецизно сите наши ставови. И тоа како се суштествени, по сите детали, по сите точки од платформите на потенцијалните партнери со коишто сакаме да ја создадеме Владата.

Медиуми: Кажавте пред две менути дека зборот е збор, а сега истата изјава ја повторивте како Ахмети, чекаме документ, истото го кажавте и Вие, чекаме документ од ДУИ, кој кого чека?

Заев: Не, не, извинете г-динот Ахмети рече дека чекал на писмено од СДСМ, а не го побарал од ВМРО-ДПМНЕ, но ако. За нас зборот е збор, без разлика дали е даден усно или писмено, бараат на писмено, ќе добиат на писмено.

Медиуми: Што не е спроведливо според вас од платформата…?

Заев: Тоа е преформулација на прашањето за ставот за платформата. Ние не бегаме од платформата, неколку пати потенцираме, имаме позитивен аспект на платформата, зошто е предизвик за нешто, коешто на дел од граѓаните на Македонија им претставува пречка во секојдневниот живот. Ние го отворивме концептот едно општество за сите и апсолутно од денеска сум прв од коалцијата на СДСМ, којшто бара потписи за да добие мандат, бара потписи од албанските партии за да добие мандат. Уште еднаш пред сите граѓани потврдувам, се потврди лагата на ВМРО-ДПМНЕ нема кантонизација, нема федерализација. Се што се разговара е во рамките на Уставот на Република Македонија. Ние не треба да ги направиме малцинските етнички заедници во Македонија специјални, посебни, треба да ги направиме еднакви, затоа што Република Македонија е мајка еднаква за сите граѓани во државата.

Медиуми: Г-динот Тачи даде овде некаква изјава дека наводно постои некаков договор помеѓу Груевски и Ахмети Ахмети и Груевски и дека едноставно тие ја замајуваат јавноста, еве што мислите за постоењето на некаков таен договор меѓу овие двајца политичари, кои долго време беа во коалција?

Заев: Знаете како имаа соработка ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ скоро 9 години, но јас сум прагматичен политичар и реалиста, а впрочем и вие ги следите сите позиции и на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, и на БЕСА, и на Алијаса, па дури и на ДПА – очигледно во овие месец дена г-динот Мендух Тачи не бил во државата, незнам како поинаку да го искоментирам тоа да се излезе со една ваква изјава, но ако има сериозни индиции или причини тие ќе се појават. Јас знам дека во моментот очекувањето на вас новинарите кои имате задача да ги информирате нашите граѓани, е дали ќе се собере доволно потписи, а тоа се минимум 61 за да се добие мандат, тоа е чекорот, нема друг чекор и апсолутно како обесправени и деградирани од страна на Ѓорѓе Иванов, ние сме довдедени во позиција да бараме потписи. Логично ќе беше да се скрати ова време и да навлеземе робусно во разработка на сите детали околу подготовка на идна Влада, но еве и тоа се случува. Ние сме веќе со одлука веќе донесена да ги побараме потписите, драго ми е што дел од албанските коалиции јавно соопштија дека тоа е редот, треба да се даде потписи, а друго е дали ние ќе се договориме за Влада или не. Очекував дека тоа ќе го направи ДУИ, но тие одлучиле така и ние не можеме ништо освен тоа да го испочитуваме и едноставно сето она што значи до црвената линија, трпение и разговори да го држиме. После тоа, апсолутно треба да се носат одлуки, секако.

Медиуми: Имаше различни позиции пред разговорите на вашите тимови, дека ДУИ дојде да преговара за формирање Влада, вие дојдовте да преговарате за добивање мандат -писмените материјали коишти ги бара Ахмети според Вас се гаранции за потписи, а не предлог за формирање на Влада со функционерски места, со детали, закон за албански јазик и така натаму?

Заев: Дали пред потписте или по потписите ќе ги дефинираме преку писмени матријали за нас тоа не е проблем. Сакавме да го почитуваме редот на работите, но кога разговарате со партнер, двете страни имаат право. Апсолутно реков сме прагматични во водењето на политикита и затоа така релаксирано зборувам. Треба писмени матријали, ќе ги дадеме. Ако сега не ги дадеме, ќе треба да ги дадеме веројатно после добивањето на потписите, така да, ако тоа е причината и тоа ќе го направиме.

Медиуми: Дали сте разговарале со ДУИ за СЈО…?

Заев: Значи нашите ставоти ги знаете за СЈО, за Прибе јас можам да ги потврдам нашите ставови, а можам и да си дозволам да го потврдам тоа што го слушам од нивните ставови од нивните официјални личности. Тие се за поддршка на СЈО и за продолжување на мандатот, тие се за поддршка и целосна реализација на Прибе Извештајот и Извештајот на Европската Унија, и тоа се очекувањата. Тие се прашања за кај коишто воопшто нема никакви пречки на разидување, односно целосно сме единствени околу СЈО и Прибе.

Медиуми: Дали му верувате на Ахмети, особено ако се земе предвид дека заменик претседателката Шекеринска по преговорите изјави дека ова не се само преговори, туку и градење на доверба?

Заев: Во политката политичарите треба да направат се за да градат доверба, бидејќи ако не постои доверба, губат граѓаните. Се трудиме да ја изградиме довербата во интерес на граѓаните и Република Македонија. Кога зборувам за граѓаните мислам на сите граѓани.

Медиуми: Дали има специјални барања до вас од срана на помалите партии или претседателот на државата?

Заев: Спцеијалното барање од Ѓорѓи Иванов е дека мора да доставиме 61 потпис а малите партии се досега принципиелно поставени. Секако тоа значи да се даде мандатот на втората рангирана партија за да влезат во разговори. ДУИ веројатно е различен од нив и бара материјали. Ние сакаме да разговараме со сите и сакаме да имаме колку што е можно пошироко парламентарно мнозинство и поширока владина коалиција. Тоа е отворено за сите партии освен за ВМРО-ДПМНЕ.

Медиуми: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не направија Влада. Од дуга страна, еврокомесарот Хан денеска кажа дека нови избори не се опција. Дали може да се заклучи дека ЕУ и меѓународната заедница ве упатува вас и ДУИ да направите Влада?

Заев: Ако можам да извлечам нешто од денешниот состанок со еврокомесарот Хан е тоа да убрзаме со подготовките за Влада, заради тоа што и граѓаните и ЕУ очекуваат акција. Очекуваат новата Влада веднаш да почне со реформи што ќе ги почувствуваат и граѓаните, но и ќе ги тргнат сите овие забелешки кои висат над Македонија. Тоа се очекувањата. Дали некој ќе прави Влада или кој со кој ќе прави Влада, во тоа еврокомесарот не навлегуваше.

Медиуми: Како планирате да направите Влада ако не ја прифатите платформата, бидејки албанските партии се јасни?

Заев: Јас не сум рекол дали ние ја прифаќаме или не платформата. Мојот одговор беше дека штом ќе го добиеме мандатот ние ќе се изјасниме за платформата. А мандатот значи право да се изјасниме да преговараме, а тоа сакаме да го направиме транаспарентно. Зошто? Ако Заев во моментов ги каже своите ставови во името на коалицијата предводена од СДСМ, некој може да му каже кој си и што си ти тоа да го кажуваш, дали си мандатор. Затоа, да го почитуваме редот на работите. За да добие некој право да кажува како ја гледа иднината поврзана со реформите, со економскиот живот, со барањата на граѓаните Албанци, укажани преку оваа платформа, тој треба да биде повикан тоа да го каже. Повиканоста се потврдува со добивањето на мандатот.

Медиуми: Дали сметате дека ДУИ го користи овој молк за да каже дека СДСМ не нуди ништо?

Заев: ДУИ многу добро знаат што е тоа што претставува историски моментум и за нив и за сите граѓани во Р. Македонија и треба да го зграпчат, затоа што ова е вистински момент да се одработи во интерес на сите граѓани. Пред се, она што сите го очекуваат е еднакво општество за сите, но и подобрување на економскиот живот, незавсноста на судството и државните институции, Парламент којшто ќе биде коректив, а не извршно тело на извршната власт. Тоа го очекуваат граѓаните. Нешто што ќе го почувствува секое семејство. И секако, нема да зборувам ништо што ќе ги сруши нашите надежи дека ќе градиме партнерство со ДУИ, со Беса и Алијансата за Албанците.

Медиуми: Ахмети вели дека преговорите може да траат долго. Ќе го дозволите ли тоа?

Заев: Секој со својата одговорност. Денеска рекол за одредени услови. Тие услови сами по себе покажуваат дека и тие прават напори процесот да не трае долго. Јас се надевам дека времето на добивање на мандатот, на кое му претходи собирање на потписи ќе биде максимално кратко и максимално кратко ќе биде времето за договарање на Владата.