Заев: Со Бугарија потпишавме Договор за пријателство и тоа мора да биде двострано и взаемно

Сподели

 

Со Бугарија потпишавме Договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил по повод изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека „Македонците треба уште да созреат за датум за преговори со ЕУ.“

„Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат. Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред сѐ, потребна е заедничка идеја да одиме напред. Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака. За да успееме треба заедно да зрееме. Пријателството мора да биде двострано и взаемно“, напиша премиерот Заев.