Заев: Трудовата инспекција ќе влезе во верските заедници

Сподели

-“Владата негува добар однос со сите верски заедници и ние не сме надлежни да се инволвираме во нивната работа со оглед на секуларноста на државата. Но, трудовата инспекција ќе добие налог лично од мене принципиелно да испита дали и на кој начин се плаќаат придонесите во ИВЗ. И не само во ИВЗ туку и во другите верски заедници затоа што законот мора да важи за сите подеднакво“, рече Заев.

-“Уставот не дозволува инволвирање во внатрешните избори и уредувања, но тоа не значи дека некој може да биде надвор од Законот кога се работи за даноци, придонеси независно за која верска заедница да станува збор. Резултатите од контролите ќе бидат јавно соопштени”, додаде Заев.