Информацијата дека германската канцеларка Ангела Меркел е против доделување датум за преговори со ЕУ за Северна Македонија е стара, изјави премиерот Заев. Тој очекува дека во јуни или јули ќе добиеме датум за преговори за членство во ЕУ.
-” Ако видите кога е одржана таа Комисија за еропски прашања, информацијата е стара. Стара е за нас кои сме упатени и разговараме со пратеници, канцелари, премиери и слично – вели Заев. Разговаравме со пратениците од парламентарното мнозинство и самите се свесни дека тоа нема да биде одржливо ако не добиеме датум. Но, оптимист сум дека ЕУ ќе испорача. Наредната недела идам на средба со канцеларката Ангела Меркел, која беше тука и за референдумот да ни даде поддршка, и таа не е против“ – изјави денеска премиерот Заев, коментирајќи ја веста на „Зидојче цајтунг“.