Заев: На ред се пратениците во Собрание или предвремени парламентарни избори

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев во обраќање до јавноста по завршување на референдумот, честиташе за успешно спроведениот референдум, и рече дека очекува дека огромното мнозинство од граѓаните гласале „За“, но истакна дека ќе мора да се почека резултатот.

– Ако има видливо големо мнозинство од гласови кои се „За“, тогаш јасно е дека пратениците во Собранието треба да ја потврдат ваквата одлука на граѓаните. Ако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за договорот во Собранието, тогаш нема друго, ќе мора да се употреби другата демократска алатка, предвремени парламентарни избори, веднаш – рече Заев.

Премиерот Заев денеска оцени дека граѓаните одлучуваат за иднината на Македонија и дека очекува земјата да ги постигне своите стратешки цели.