Загина Благоја Георгиевски Буштур – легендата на македонската кошарка

Сподели

 

Великанот на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур загина синоќа во сообраќајна несреќа, во 69-та година од животот.

Благоја Георгиевски Буштур е роден е на 15 октомври 1950 година во Скопје. Најголем дел од играчката кариера поминува во Работнички, со кој играше во Првата југословенска лига. Во сезоната 1975/76 со Работнички стигнува до полуфиналето од Купот на куповите.
Тој беше член на младинската репрезентација на Југославија, со која ја освои Балканијадата во Риека и беше четврти на Европското првенство во Атина. Во 1971 година Буштур беше дел од сениорската репрезентација на Југославија што настапи на ЕП во Западна Германија, каде што го освои сребрениот медал. Георгиевски учествуваше и на Летните олимписки игри во 1976, кои се одржаа во Монтереал, каде што освои сребрен медал.
Беше член на УО и Собранието на Македонскиот олимписки комитет, претседател на Олимпискиот совет при МОК, а беше и претседател на највисоката спортска институција во нашата земја. Членуваше во Клубот на великаните на Македонскиот олимписки комитет од 1997 година.