Законот за трговија на зелените пазари ќе претрпи измени.
По бурните реакции на пазарџиите, неделава ќе се преговара за новото законско решение кое ќе биде прифатено од двете страни, односно дали постоечкиот зaкон ќе биде во мирување 6, 9 или 12 месеци.
-“Лиценци не ни требаат” – децидни се пазарџиите, кои бараат до крајот на оваа недела да се најде разврска по однос на нивните барања.
-“Власта да не си игра со сиромаштијата” – и побараа веднаш повлекување на Законот за трговија на зелените пазари, поради високи трошоци кои им се дополнителен товар кој што не можат да го поднесат, и високите глоби кои се движат од 200 до 2.000 евра за сторен прекршок.
Од Стопанската комора во која функционира групацијата на организаторите на пазарите велат дека ќе се најде модел со кој од една страна сите ќе останат на пазарите а од друга, ќе се регулира статусот на закупците на тезги
Законот за трговија на зелените пазари беше предложено од групата пратеници во состав Артан Груби, Весел Мемеди, Ејуп Алими и Петре Шилегов.
Пазарџиите најавија дека доколку не се повлече законот ќе стартуваат со масовни протести и блокади низ цела Македонија.