Заловувачкиот тим на “ЛАЈКА” во Кисела Вода

Сподели

 

Заловувачкиот тим на ЈП ЛАЈКА беше на неколку локации во општина Кисела Вода, за спроведување на најавеното стратешко заловување на бездомни кучиња и нивен хуман третман.

Заловувачкиот тим ги посети следниве локации: ул. Христо Татарчев, фабрика Треска, Расадник, О.У. Круме Кепески, Тефериќ итн.

Во останатите денови од оваа работна недела заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе заловува во: Шампионче, 11 Октомври, Бирарија, Црниче, Пржино, Чешма и Припор.

Дел од заловените кучиња беа плашливи и недоверливи и беше потребна асистенција од ветеринарен доктор за да се седираат при заловувањето. Кутрињата кои се диви е потребно да се заловат со пневматска пушка која е посебна хумана мерка  и не е толку стресна кај заловувањето на овие кутриња.

Доколку граѓаните од оваа општина имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk

Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава.