Започна отстранувањето на платформите во Струга

Сподели

 

Во Струга денеска започна рушењето на сите шест платформи изградени на брегот на Охридското езеро. Вицепремиерот Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко најавија дека настанот претставува имплементација на „зелената агенда“ на ДУИ и дека оваа акција нема да застане тука.

 

 

-Преку оваа агенда, сите граѓани на Македонија ќе имаат придобивки, без оглед каде живеат, бидејќи придонесува за подобар и поквалитетен животдека се врши низ конструктивен дијалог меѓу општинските власти од Струга и бизнис заедницата.

И покрај нивното рушење, градоначалникот Мерко сепак денеска рече дека шесте платформи што се отстануваат не биле дивоградби, туку нивните сопственици сакале да се солидаризираат со колегите – сопственици на сличните конценсии во Охрид. Мерко рече дека нивниот град не сака да ги зголеми шансите Охрид да го изгуби статусот на заштитен град на УНЕСКО.

 

 

Струшкиот градоначалник додаде дека општинскиот тим постојано е ангажиран и работи на заштита на диверзитетот на Охридското езеро, наведувајќи го како пример зголемувањето на количината на трска од 10 на 200 хектари во последните 4 години.