Во Анкара започна вонредната седница на Големото народно собрание на Турција, раководена од страна на Претседателот на Собранието, Исмаил Кахраман
АНКАРА (АА) – Во Анкара започна вонредната седница на Големото народно собрание на Турција, раководена од страна на Претседателот на Собранието, Исмаил Кахраман, јавува Anadolu Agency (AA).
На вонредната седница на Големото народно собрание на Турција присуствуваат претседателот на Партијата за правда и развој (АК Parti) и премиер на Турција, Бинали Јилдирим, претседателот на Републиканската народна партија (CHP), Кемал Киличдароглу, и претседателoт на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели.