Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи ги започнаа увидните дејствија во зградата на улицата “Прохор Пчињски” во Чаир, каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории.
Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.
Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините. Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази, се наведува во соопштението на МВР .