EHF EURO 2024 од 10. до 28. јануари ќе се одржи во Германија.
Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од историјата на EHF EURO 2024, ќе игра на стадионот “Меркур Шпил Арена” пред повеќе од 50.000 навивачи, вечерва, на 10. јануари против Франција.
Организаторот веќе објави дека сите билети одамна се продадени и дека се очекува на трибините во „Меркур Шпиле Арената“ да има повеќе од 53.000 гледачи на трибините, кои се очекува да бидат пополнети до последно место на вториот натпревар на отворањето помеѓу домаќинот Германија и Швајцарија (20.45 часот).