Од 14 септември до 29.септември, Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) го организира 20. и 21. издание на Биеналето на Македонската Архитектура.
Настанот, кој поради случувањата на глобално ниво во периодот од 2020 до денес, оваа година е планиран како интегрален, за две изданија. Биеналето ќе се одржи во НУ “Национална Галерија – Мала Станица“ и во “Музеј на Современа Уметност“ во Скопје, во чии рамки ќе бидат изложени проектни решенија и реализирани проекти во периодот од 2018 до 2020 година и од 2021 до 2023 година.
Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за 14.09.2023 година (четврток) со почеток во 20:00 часот на локација “Национална Галерија – Мала Станица“, додека доделувањето на наградите е планирано за 29.09.2023 година (петок) со почеток во 19:30 часот во рамки на “Музеј на Современа Уметност“ во Скопје.
Во периодот од две недели, во двата музејски простори ќе бидат изложени: проекти, реализирани објекти и урбанистички проекти од македонски архитекти и автори.
Во овој период ќе бидат организирани студентско биенале и Балкански архитектонски форум.
Влезот е слободен за сите настани и изложби.