Затворен граничниот премин „Мердаре“

Сподели

 

Министерството за надворешни работи на Косово, поради најновата блокада на преминот „Мердаре“, вчера ги повика сите граѓани што патуваат за Косово преку Србија, да го избегнуваат овој премин и да користат други алтернативни патишта. Тие ги посочија премините преку Северна Македонија.

Најголемиот граничен премин „Мердаре“ е затворен откако група демонстранти со камиони и приколки вчера го блокираа преминот од српска страна во знак на поддршка за Србите во Косово. Блокирани се и граничните премини „Јариње“ и „Брњак“. Косовските Срби ги поставија блокадите, бидејќи бараат да бидат ослободени поранешните припадници на косовската полиција од српска националност кои беа уапсени.

Косовската полиција соопшти дека на северот од земјата ноќеска, криминални лица или групи продолжиле да поставуваат барикади, а тоа ја попречува слободата на движење.

Србите на северот на Косово ги блокираа патиштата во северниот дел на Косово затоа што го уапсија нивниот сонародник и поранешен припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ./Meta.mk