Завршена Велопатеката на улица “Свети Кирил и Методиј”

Сподели

 

Деновиве заврши изградбата на новата велосипедска патека на улицата „Свети Кирил и Методиј“ и со тоа Големиот Ринг во Скопје е целосно поврзан и заокружен за велосипедистите.

 

 

Новата велосипедска патека е поставена на коловозот за сметка на стеснетите коловозни ленти, односно постојните три коловозни ленти се стеснуваат од 3,5 на 3 метри. Стеснувањето на коловозните ленти ќе придонесе за намалување на бризината со која се движат моторните возила, а со тоа се зголемува безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Велопатеката е со ширина од 1,5 метри и истата е физички одвоена од лентите за возилата со заштитни рефлектирачки столпчиња. За нејзина изградба беа отстранети сите ситилајт реклами од тротоарите,  со што се ослободи просторот за движење како за пешаците, така и за велосипедистите.

 

 

Со изградбата на новата велосипедска патека, Големиот Ринг во Скопје целосно е заокружен за велосипедистите, поточно велосипедски патеки се изградени на булеварите Кочо Рацин, Свети Климент Охридски, Гоце Делчев, Крсте Петков Мисирков и сега на улицата Свети Кирил и Методиј.