Заврши четвртото издание на фестивалот на светлина Skopje Light Art District

Сподели

 

Вчера заврши четврото издание на меѓународниот фестивал на светло и светлосна уметност, Skopje Light Art District.

Двесет и пет уметници од 14 земји изминатите 4 дена со помош на своите светлосни дела, инсталации и светлосни перформанси го обоија Скопје и ги забавуваа скопјани.

Галерија

Во знак на солидарност поради трагичниот настан со пожарот во КОВИД 19 болницата во Тетово и прогласената тридневна жалост на територија на цела држава, изминатите денови светлосните инсталации беа активни, но без музика и звук. Уметниците на 14 јазици испишаа пораки на надеж, кои потоа беа проектирани на бината Школка, една од локациите на овогодинешното издание на светлосниот фестивал.

Продукцискиот тим и уметниците од Skopje Light Art District упатуваат голема благодарност до сите граѓани кои беа дел од овогодинешното издание.

Меѓународниот фестивал на светлосна уметност, Skopje Light Art District, во организација на ЈУ Универзална сала и Град Скопје, е дел од ROCK проектот, во рамки на програмата Хоризонт 2020 на ЕУ наменета за истражување и иновации.