Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, по двочасовен распит пред судија на претходна постапка, од задната врата го напушти Кривичниот суд во Скопје.
Специјалното јавно обвинителство бараше од судот на Талески да му биде одреден притвор, но засега од судот нема информација дали на битолскиот градоначалник му е одредена некаква мерка за обезбедување присуство или, пак, ќе се брани до слобода.
Битолскиот градоначалник и уште 22 лица се товарат за финансиски злоупотреби со превозот на ученици во Битола.
Талески на распит пред судијата на претходна постапка се појави денеска претпладне околу 11 часот.