Заврши средбата на премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, што се реализира на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан, што се одржува во Софија.
Како што соопшти Владата, двајцата премиери разговараа за актуелниот момент во разговорите за проблемот што Република Грција го има со уставното име на Република Македонија, и за можностите да ги доближат разликите за решение прифатливо за двете страни.
Премиерот Зоран Заев, на својот твитер профил објави дека Македонија и Грција го зајакнуваат пријателството, изразувајќи верување дека со грчкиот премиер Ципрас може да се најде решение кое ќе го штити достоинството на граѓаните во двете држави.